logo
logo
logo

Емина Јаховиќ на 14 мај во Скопје: Ексклузивен концерт во Филхармонија

Vecer | 17.04.2026

Емина Јаховиќ на 14 мај во Скопје: Ексклузивен концерт во Филхармонија

Една вечер. Еден момент. Едно незаборавно доживување. Една од најголемите музички ѕвезди од регионот – Емина Јаховиќ доаѓа во Скопје!

На 14 мај, концертната сала на Филхармонија ќе стане сцена на врвна емоција, гламур и музика со светски сензибилитет. За првпат, македонската публика ќе има можност да ужива во настап во живо на оваа регионална поп-ѕвезда.

По години успешна кариера и безброј хитови кои го одбележаа регионот, Емина доаѓа во Скопје со специјален концертен концепт, подготвен ексклузивно за оваа вечер. Публиката ќе има ретка можност во живо да ги слушне песните што оставија силен печат, како „Дал она зна“, „Вукови“, „Мед“, „Пиле моје“, „Лимунада“ и многу други, изведени во поинаква, поинтимна атмосфера.

Ова нема да биде само концерт, ова ќе биде искуство. Вечер во која музиката зборува повеќе од зборовите, а секоја песна носи своја приказна. Амбиентот на Филхармонија дополнително ќе ја засили магијата, создавајќи атмосфера и вечер што долго ќе се памети.

Организатор на овој ексклузивен музички настан е Евентум продукција, која најавува продукција на високо ниво и вечер достојна за најголемите регионални имиња.

Билетите се пуштени во продажба од денес, а поради ограничениот капацитет се очекува брзо да бидат распродадени. Истите може да се набават преку мрежата на https://e-ticket.mk/.

14 мај е датум што не се пропушта! 14 мај е вечер за дружба со Емина Јаховиќ и вечер за музика, емоции и уникатно доживување!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk