И нивното куче било пронајдено мртво. Полицијата во округот Санта Фе вчера попладне ги откри телата на двократната оскаровка, 95, Бетси (63) и нивното куче. Ниту едно кривично дело не е осомничено, а причината за смртта не е соопштена.
Шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза денеска ја потврди веста. „Можеме да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во средата попладне во нивниот дом на Сансет Треил“, рече шерифот на округот Санта Фе во Ново Мексико.
„Истрагата сè уште е во тек, но во овој момент немаме причина да веруваме дека овие смртни случаи се резултат на криминално дело. Чекаме одобрение за да издадеме налог за претрес“, додаде Мендоза. Бетси Аракава е втората сопруга на Хекман. Тие се венчаа во 1991 година, а Аракава водеше продавница за луксузен мебел во Санта Фе, Ново Мексико.
Пет години пред венчавката, Хекман се развел од сопругата Феј Малтезе, со која се оженил во 1956 година. Во бракот со Малтезе имал син и две ќерки: Кристофер Ален, Елизабет Џин и Лесли Ен Хекман. Тие беа во брак три децении.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата