logo
logo
logo

Џенифер Лопез по разводот од Бен Афлек: „Ти благодарам за лузните“

Vecer | 11.07.2025

Џенифер Лопез по разводот од Бен Афлек: „Ти благодарам за лузните“

Неделава, таа ја започна својата долгоочекувана турнеја во Шпанија, на која жешката Латиноамериканка за прв пат изведе нова песна за која вели дека е многу лична.

Се вика „Wreck of You“ и зборува за тежок период од нејзиниот живот.

„Ова е нова песна што сакам да ја испеам за прв пат вечерва, а ми дојде на ум кога бев будна цела ноќ една ноќ“, ѝ рече таа на публиката, пренесува Новости.

Пејачката потоа започна со трогателна балада, за која многу обожаватели веруваат дека е инспирирана од нејзината неодамнешна разделба со Бен Афлек. Иако никогаш не го споменала по име, текстот бил исполнет со теми за раст, скршено срце и заздравување.

„Љубовта што ја сакам, љубовта што ми треба, почнува во мене. Сега кога го најдов патот до неа, ќе останам таму. Ти благодарам за лузните што ми ги остави на срцето, што ми покажа дека ѕвездите сјаат посветло во темнината. Нема да се распаднам поради тоа кои сме, туку поради твоите скршени парчиња“, е текстот на новата песна.

Настапот се случи само шест месеци откако таа го финализираше разводот од Афлек. Двајцата се венчаа во јули 2022 година, обновувајќи ја нивната романса од почетокот на 2000-тите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk