logo
logo
logo

Џена Ортега: Глумата ме направи повнимателна личност, сега ги бирам зборовите

Vecer | 19.08.2025

Џена Ортега: Глумата ме направи повнимателна личност, сега ги бирам зборовите

Таа истакна и дека порано „не се чувствувала слушната“, меѓу другото.

- Да се биде млада и самоуверена личност е интензивно за многу луѓе, особено за жена. Отсекогаш знаев како е да немаш глас и тоа ме ужаснува. Не сакам повторно да се најдам во таа положба. Важно е за мене да го користам мојот глас на најпрофесионален, најефикасен можен начин. Во поголемиот дел од мојата кариера не знаев како да се изразам, вели глумицата.

Како што објаснува, била многу млада и не знаела речиси ништо за филмската индустрија.

- Можеби поради одредени професионални искуства што ги имав во минатото, а кои беа малку тешки, се затворив во себе и станав многу несамоуверена, продолжува Ортега. 

Славата го променила начинот на којшто се претставува себеси пред светот.

- Ме охрабри да станам попретпазлива личност... Порано бев екстровертно дете, но станав порезервирана. Тоа не значи ништо негативно. Само значи дека сега внимателно ги бирам зборовите, појасни Ортега.

Според неа, работната средина секогаш треба да биде искуство на соработка. Најдобрата работа, ќе рече, често произлегува од идеите на група луѓе и колективната визија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk