logo
logo
logo

Ако заслужните уметници како ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ ДРЖАВАТА ГИ ОСТАВА ДА ЖИВЕАТ ВАКА, како ли е со другите

Vecer | 20.07.2025

Ако заслужните уметници како ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ ДРЖАВАТА ГИ ОСТАВА ДА ЖИВЕАТ ВАКА, како ли е со другите

Актерот Гоце Тодоровски, според своите достигања и оставена трага во уметноста на Македонија секако заслужува третман на заслужен уметник кој, сопред тоа, треба и да живее пристоен живот во пензија и да биде углед и пример за помладите дека рабоатат и постевеноста на уметноста не се бадијала, дека постоењето како уметник не завршува со последниот настап.

Затоа што, пред последниот нстап, Гоце Тодорвски остави силна актерска трага во Македонија, а културата, и уметноста како нејзин дел, е таа која го гради национланиот идентитет:

1980 — Награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

1986 — најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“

2020 — Награда „св. Јоаким Осоговски"[2]

2023 — Орден за заслуги за Македонија[3][4][5]

2025 — Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“[6]

Но, во случајот на Гоце Тодоровски работите на стојат така. Напротив.

Сашенка Тодоровска, ќерката на еден од најголемите македонски актери – Гоце Тодоровски, со потресна објава ја разбуди јавноста и ја посочи суровата реалност во која живее нејзиниот татко – доајен на театарската уметност, кој, и покрај пет децении посветеност на културата, денес преживува со пензија од само 36.000 денари.

„Легендо моја и на целиот македонски народ...“ – започна таа, споделувајќи фотографија од младоста на актерот, а потоа го разоткри лицемерието на институциите што со години делат признанија, но не и вистинска поддршка.

„Национална пензија не му дадоа. Само признанија и наградички – колекционер на хартија стана,“ пишува таа, посочувајќи дека нејзиниот татко, член на некогашната „Златна плејада“ на македонскиот театар, останал без институционално признание и поддршка од државата.

Во својот емотивен статус, таа прашува: „Зарем судбината на вакви луѓе треба да зависи од тоа кој е на власт? Кој седи во комисија? Срамота е.“

И покрај здравствените проблеми, Гоце Тодоровски, вели таа, сè уште неуморно се дава, сè уште е присутен и активен во културниот живот, но – незабележан од оние што одлучуваат.

Сашенка остро предупредува и за поширокиот општествен проблем – исчезнувањето на вистинските вредности: „Сè што е квалитетно – веќе нема вредност.“

Нејзиниот апел доаѓа во момент кога сè повеќе уметници и јавноста бараат итна ревизија на критериумите за национални пензии, кои, наместо да бидат симбол на благодарност и признание, сè почесто се претвораат во алатка на селективна правда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk