logo
logo
logo

Приказната „Македонијо во срце те носиме“ продолжува:

 Сузана Спасовска со моќна порака - „Нека живеј Македонија“

Vecer | 06.08.2025

 Сузана Спасовска со моќна порака - „Нека живеј Македонија“

Приказната наречена „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да пулсира во истиот ритамот со уште една моќна изведба - овој пат тоа е безвременската патриотска тема „Нека живеј Македонија“, позната и под оригиналниот назив „Има една земја сонце што ја грее“, сега отпеана од Сузана Спасовска.

Композицијата, чии стихови се длабоко врежани во народната свест и љубовта кон татковината, е дело на реномираниот автор Григор Копров, а првично ја отпеа легендарниот Гоце Николовски во далечната 1986 година. Новата верзија, создадена со врвна музичка продукција од Николче Мицевски, претставува спој на традицијата и современото.

„Има една земја сонце што ја грее,оди таму, в’ срце земи ја,слушни вечна песна таму што се пее:Нека живеј Македонија!“... се вели во стиховите кои се жив доказ за љубовта што македонскиот народ ја негува кон својата земја и тие не се само зборови, туку вечен завет на припадност, сплотеност и сила.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ е повеќе од музика – тој е патриотска мисија, културно будење и звук на националното единство. Под уметничка закрила на Скендеровски продукција, Македонија се бои со најубавите бои – звуците на автентичната македонска песна. Со восхит и почит кон корените, овој проект досега ја пресоздаде емоцијата на некои од најмоќните композиции: „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова) и „Запејте сите ангели“ (Бојана Скендеровски).

„Македонијо, во срце те носиме“ е гласот на народот, инспириран од нашите предци, создаден за генерациите што доаѓаат, мост меѓу времињата, емоции впишани во секој акорд, затоа уживајте во „Нека живеј Македонија“ и гласот на Сузана Спасовска:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk