logo
logo
logo

Чарли Шин и неговиот јавен пад поради дрогата во документарец

Vecer | 14.08.2025

Чарли Шин и неговиот јавен пад поради дрогата во документарец

Озлогласениот јавен пад на американскиот глумец Чарли Шин од 2011 година, поттикнат од дрога, што водеше до негово отпуштање од хит-серијата „Два и пол мажи“ - оди на документарен филм. „Нетфликс“ го објави и првиот трејлер.

„По 7 трезни години, Чарли Шин отворено зборува за својот подем кон славата и падот пред очите на јавноста, заедно со семејството и пријателите кои споделуваат нераскажани приказни за неговото патување низ славата, борбите и искупувањето“, се вели во описот на ИМДБ.

Во документарецот се прикажани интервјуа со Шин и повеќемина од неговото опкружување. Меѓу нив се и Дениз Ричардс, Хајди Флајс, Џон Крајер, Шон Пен, Рамон Естевез, Брук Милер и Крис Такер, како и поранешниот дилер на Шин. Исто така, извршниот продуцент на „Два и пол мажи“, Чак Лоре - кој беше мета на многу напади од Шин - е меѓу интервјуираните.

Филмот „Познат како Чарли Шин“ (aka Charlie Sheen) излегува на 10 септември - седум дена после 60. роденден. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk