logo
logo
logo

Брус Вилис во сериозна состојба: Повеќе не може да зборува, чита или оди

Vecer | 24.07.2025

Брус Вилис во сериозна состојба: Повеќе не може да зборува, чита или оди

 Легендарниот актер продолжува да живее со оваа прогресивна болест, која постепено се влошува откако му беше дијагностицирана афазија во 2022 година.

Според извештаите од 2023 и 2024 година, Вилис ја изгубил способноста да зборува и повеќе не може да чита, а се соочува и со сериозни моторни тешкотии.

Сепак, неговото семејство во последно време не дава официјални информации за неговата состојба.

Во април 2025 година, семејството на актерот се обрати до јавноста и рече дека, иако болеста сè уште напредува, неговата состојба останува стабилна. Тие рекоа дека продолжуваат да му даваат целосна поддршка.

Во март 2022 година, семејството објави дека Брус Вилис страда од афазија, наведувајќи: „Нашето семејство сака да сподели со вас дека Брус има здравствени проблеми и му е дијагностицирана афазија, што влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, и со големо внимание, Брус се повлекува од кариера што му значеше толку многу.“

Афазијата  инаку влијае на способноста на лицето да зборува, пишува и разбира јазик - и вербален и пишан - и најчесто се јавува по мозочен удар или траума на главата.

Подоцна беше откриено дека актерот страда и од фронтотемпорална деменција. За разлика од Алцхајмеровата болест, овој вид деменција обично не започнува со губење на меморијата - првиот симптом е афазија или нарушување на говорот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk