logo
logo
logo

Британска актерка е уапсена, откако не платила во „Зара“ во Турција- ѝ се закануваат три години затвор (ВИДЕО)

Vecer | 30.07.2025

Британска актерка е уапсена, откако не платила во „Зара“ во Турција- ѝ се закануваат три години затвор (ВИДЕО)

Таа вели дека случајно заборавила да плати за предметите што ги носела, а потоа сфатила што направила и се вратила во продавницата за да плати за сè, објави Сан.

И покрај тоа што нудела пари и им ги предала предметите на вработените, локалната полиција ја уапсила под сомнение за кражба. Според неа, персоналот ја заклучил во соба во продавницата три часа пред да ја однесат во полициска станица.

Таму, од актерката било побарано да потпише документи што не можела да ги прочита бидејќи не биле на јазик што го разбирала.

Поминала 24 часа во затвор

Серс поминала 24 часа во затворска ќелија без храна или пристап до тоалет. Таа исто така рекла дека кога побарала вода, тие одбиле, велејќи дека не ја разбираат. По нејзиното ослободување, судија ѝ забранил да ја напушти Турција додека трае истрагата, а доколку биде прогласена за виновна, се соочува со затворска казна до три години.

Поради неможноста за работа и финансиските проблеми, таа моментално не е во можност да плати за сместување, па затоа ја згрижило локално семејство кое ѝ понудило кревет и оброци. Во објава на социјалните мрежи, таа им се заблагодарила на луѓето кои ѝ испраќале зборови на поддршка, велејќи:

- Добро сум и не ги заслужувам сите овие убави зборови, но сум многу благодарна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk