logo
logo
logo

Арон Тејлор-Џонсон сè посериозен кандидат за улогата на „007“

Vecer | 12.08.2025

Арон Тејлор-Џонсон сè посериозен кандидат за улогата на „007“

Иако сè уште не е официјално потврдено кој ќе ја преземе легендарната улога на тајниот агент „007“, на социјалните мрежи Арон има сè поголема јавна поддршка. Гласините за негово вклучување во серијалот траат со месеци, а сега се поткрепени и од фактот дека Тејлор-Џонсон неодамна потпиша договор со луксузниот бренд „Омега“ којшто со години е официјален добавувач на часовници за „Бонд“ филмовите. Соработката дополнително ги подгреа надежите дека Англичанецот е новиот избор на продуцентите.

Доколку ја добие оваа престижна улога, Арон го очекуваат и значителни парични придобивки. Неговиот претходник Даниел Крејг, кој ја презеде улогата во 2005 година и глумеше во шест филма, наводно заработил вкупно 100 милиони долари.

Прашан за можноста да влезе во оделото и чевлите на Бонд, глумецот кратко рече: - Навистина не е до мене, да говорам за тоа.

Тејлор-Џонсон веќе се докажа во филмската индустрија, т.е. во филмови како детската акција „Кик-ес“, „Момче за никаде“ (Nowhere Boy) и „Ерата на Ултрон“ на „Марвел“ (Marvel's Avengers: Age of Ultron) каде што го глумеше ликот на Пјетро Максимоф, „Ловецот Крејвен“ (Kraven the hunter)...

Иако се натпреварува со имиња како Тео Џејмс и Хенри Кавил, претходната работа на Арон, харизмата и зголеменото присуство во медиумите му носат сериозна шанса да стане новото лице на светски познатиот шпион. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk