logo
logo
logo

Ана и Бастијан конечно се разведоа, објави адвокатот на славната тенисерка

Vecer | 23.07.2025

Ана и Бастијан конечно се разведоа, објави адвокатот на славната тенисерка

Веста за разводот ја потврди и адвокатот на екс тенисерката, со кратка изјава во која се наведува дека раскинувањето се должи на „непомирливи разлики“.

Инаку во бракот долг девет години, Ана и Бастијан станаа родители на три деца.

Најмладиот син се роди пред само две години, а јавноста никогаш не го дозна неговото име, додека имињата на постарите двајца синови, Лука и Леон, се познати.

Аферата на Бастијан Швајнштајгер со провокативната Бугарка Силва Капитанова дополнително го наруши угледот на легедраниот германски фудбалер  во јавноста.

Иако гласините за брачна криза кружеа со месеци, сега пристигна и правна потврда дека љубовната приказна на српската тениска ѕвезда и германскиот фудбалски ас е завршена.

Имено, Кристијан Шерц, адвокатот на Ана Ивановиќ, објави дека Ана и Бастијан се разведуваат поради „непомирливи разлики“. Германскиот „Билд“ објавува дека адвокатот рекол дека повеќе нема да дава јавни изјави и дека нема да има понатамошни коментари.

Тој исто така побарал од медиумите да ја почитуваат приватноста на Ана и Бастијан, како и на нивните деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk