logo
logo
logo

И бидна РОЗГА и бидна СПЕКТАКЛ – магија под ѕвездите во преполниот Антички театар во Охрид!

Vecer | 30.07.2025

И бидна РОЗГА и бидна СПЕКТАКЛ – магија под ѕвездите во преполниот Антички театар во Охрид!

Овации, солзи, емоции... концертот на Јелена Розга во Античкиот театар во Охрид беше вистинска музичка магија! Повеќе од два и пол часа непрекината музика, незаборавни хитови, емотивни балади и совршена атмосфера ја оставија публиката без здив.

Сè започна уште пред неколку дена, кога се бараше билет повеќе – интересот беше огромен. Најавен како концерт на летото, овој настан што се одржа синоќа во спектакуларна амбиентална атмосфера под отворено небо, во целост ги оправда очекувањата.

„Кога првпат го видов овој театар, знаев – еден ден морам овде да пеам. И еве, тој ден дојде“, изјави Розга пред настапот. А она што се случи таа вечер ги надмина сите очекувања – публиката пееше заедно со неа од првата до последната песна, следејќи го секој тон на гудачкиот оркестар кој додаде дополнителна доза елеганција и емоција.

Продукциски беспрекорен, концертот покажа зошто настапите на Јелена се познати по харизмата, непосредноста и посебната поврзаност со публиката. Охрид годинава беше местото на средба помеѓу уметноста и емоцијата, благодарение на организацијата на Евентум продукција, која стоеше зад целиот настан.

За сите оние кои имаа среќа да присуствуваат – 29 јули ќе остане запаметен како ноќ која нема да се заборави. А за оние кои не стигнаа – концертот на Јелена Розга во Охрид веќе се прераскажува како музички настан на летото!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk