Иако денес е позната како свршеница на Џеф Безос, Лорен Санчез имала бурен љубовен живот дури и пред милијардерот.
Лорен Санчез, новинарка и поранешна ТВ водителка, била во врски со многу познати мажи пред Џеф Безос - од спортски ѕвезди до актери, продуценти и холивудски могули, па дури и била свршена неколку пати.
Ова се сите нејзини љубови во текот на нејзиниот живот:

Рори Маркез
Додека сè уште била млада ТВ практикантка во Лос Анџелес, Лорен се свршила со спортскиот коментатор Рори Маркез.
Врската завршила кога Маркез ја сменил работата, но тие останале во добри односи. Во 2010 година, тој починал од срцев удар, а Лорен никогаш јавно не проговорила за врската.
Извори блиски до новинарката еднаш изјавиле дека тој „бил нејзината прва голема љубов“.
Ентони Милер
На Супербоулот во 1996 година, Лорен го запознала играчот на Денвер Бронкос, Ентони Милер. Тие беа во врска четири години и верени речиси две, но сè се распадна во 2000 година.
Подоцна, се обвинија еден со друг дека имаат афери, а Милер во едно интервју изјави дека таа „изнудила веренички прстен“ од него.
Од друга страна, Лорен никогаш не ги потврди ниту негираше неговите изјави.

Дерек Фишер
По раскинувањето со Милер, Лорен беше во врска со кошаркарот на НБА и играчот на ЛА Лејкерс, Дерек Фишер, некое време.
Иако никогаш јавно не ја потврдија својата врска, повеќе извори наведоа дека станува збор за нестабилна врска со чести раскинувања и помирувања.

Тони Гонзалез
Со легендата на НФЛ, Тони Гонзалез, таа го доби синот Нико во 2001 година. По раскинувањето во 2002 година, тие успеаја да одржат пријателски однос, сето тоа благодарение на нивното заедничко дете.
Сопругата на Тони, Октобер, подоцна стана блиска пријателка на Лорен. Тие често учествуваат во организирањето на семејни прослави заедно, вклучувајќи ја и неодамнешната матура на Ник.
Според странските медиуми, Гонзалес бил поканет на нивната свадба, а се очекува неговото пристигнување во Венеција.

Хенри Симонс
По Гонзалес, Лорен се сврши со актерот Анри Симонс, познат по улогата во серијата „NYPD Blue“. Тие живееле заедно во куќа во Калифорнија, но нивната врска не траела долго.
Набргу по раскинувањето, таа започнала врска со Патрик Вајтсил - и тоа додека, според гласините, сè уште делела дом со Симонс.

Патрик Вајтсел
Во 2005 година, Лорен се омажила за холивудскиот могул Патрик Вајтсел, еден од водечките луѓе во агенцијата „WME“ (една од најголемите и највлијателните холивудски агенции за таленти).
Свадбата била спектакуларна, со гости како Мет Дејмон и Џенифер Гарнер.
За време на нивниот брак, тие имале две деца - синот Еван (2006) и ќерката Еленор (2008). Пропаѓањето на бракот се случило во 2019 година без медиумска помпа - двајцата побарале заедничко старателство и никој не побарал алиментација.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата