logo
logo
logo

Се прослави во Доли Бел на Кустурица и песната која стана балкански хит, НО КРАЈОТ НЕ МУ БЕШЕ КАКО ПЕСНА

Vecer | 12.07.2025

Се прослави во Доли Бел на Кустурица и песната која стана балкански хит, НО КРАЈОТ НЕ МУ БЕШЕ КАКО ПЕСНА

Александар Саша Зуровац, ѕвездата на култниот филм „Се сеќаваш ли на Доли Бел?“, својата слава ја плати со глава, и на крајот почина на начин кој ниеден човек не го заслужува.

Александар Саша Зуровац е роден во 1948 година во Мостар, а на тригодишна возраст се преселиле со семејството во Сараево.

Почнал да глуми како тинејџер, а својата прва улога ја имал во 1966 година во филмот „Глинен гулаб“. Вистинска слава стекнал во 1981 година кога ја играл улогата на Влада Кликер во познатиот филм на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли на Доли Бел?“.

Неговата сцена во која ја пее песната „На морскоме плавом жалу“ е запаметена како култна.

Луѓето го препознавале на улица, му нуделе пијалок и му рекле дека е ѕвезда. Тој скромно одговорил дека „ѕвездите светат на небото“, не сакајќи да се издигне над обичниот свет. Едноставно, неговата глава, неговиот ум не сакал да се прилагоди на предизвиците на таков јавен и социјален живот.

Сè се променило во 1979 година кога починала неговата мајка. Таа загуба го погодила длабоко, и неговиот живот оттогаш тргнал наопаку. Набрзо заврши во социјална и здравствена установа во Гаревац, каде што се лекуваа луѓе на кои им беше потребна психијатриска помош.

За време на војната во 1992 година, пациентите од таа установа беа транспортирани со автобуси и оставени во близина на Тузла, без никаква грижа. Едноставно фрлени во непознат простор, и сами. Немаа храна, лекови, сместување. Талкаа со денови додека лекарите не ги пронајдоа и не ги сместија во болница во Тузла.

Во 1996 година, тој се пресели кај неговата сестра Добрила во Сараево, но поради болеста на нејзиниот сопруг, таа мораше да го смести во дом во близина на Фојница. Последните години од својот живот ги поминал во установата „Ернест Грин“ во Нахорево, каде што почина во 2016 година како резултат на мозочен удар на 69-годишна возраст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk