logo
logo
logo

По Скопје, Александра Радовиќ ветува вечер за паметење на уште една адреса

Vecer | 19.06.2026

По Скопје, Александра Радовиќ ветува вечер за паметење на уште една адреса

По фантастичниот концерт во Скопје за кој се бараше билет повеќе, Александра Радовиќ ова лето доаѓа и во Охрид, носејќи вечер исполнета со емоции, врвна музика и безвременски хитови кои публиката ги пее со години.

На 30 јули, магичниот амбиент на Антички театар во Охрид ќе биде сцена за концерт што уште сега се најавува како еден од најубавите и најемотивните настани летово. Со својот препознатлив вокал, искрена емоција и песни што допираат до срце, Александра Радовиќ повторно ќе ја потврди посебната врска што ја има со македонската публика.

Публиката ќе има можност во живо да ги слушне „Чувам те“, „Бивши драги“, „Ако никада“, „Не хвала“... и многу други песни што со години будат емоции и создаваат посебна атмосфера на секој нејзин концерт, а токму нејзините концерти не се само музички настапи, туку вечери што долго се паметат, вечери исполнети со љубов, емоции и моменти во кои целата публика пее во еден глас.

Радовиќ, која беше прогласена за најдобра поп пејачка во регионот на Златна бубамара на популарноста, со години важи за една од најценетите и најсакани артистки на Балканот.

Концертот е закажан за 30 јули со почеток од 20:00 часот на Античкиот театар во Охрид, а билетите веќе се пуштени во продажба по цена од 900 до 1500 денари, во зависност од местоположбата. Истите се достапни онлајн преку продажната мрежа на e-ticket.mk.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk