logo
logo
logo

СЕ ОМАЖИ УБАВАТА МИЛИЈАРДЕРКА: Свадбата од 6 милиони долари, а сите се бесни поради ова (ФОТО)

Vecer | 27.07.2025

СЕ ОМАЖИ УБАВАТА МИЛИЈАРДЕРКА: Свадбата од 6 милиони долари, а сите се бесни поради ова (ФОТО)

Ќерката на Стив Џобс, Ив, се омажи за олимпискиот шампион во коњички спорт Хенри Чарлс. Се претпоставува дека целата свадба чинела 6,7 милиони долари, па затоа е меѓу најлуксузните и најгламурозните.

Како што објавува Дејли Меил, сите блескаа во прекрасни фустани и одела, додека невестата доцнеше околу половина час на самата церемонија.

Меѓу гостите беше и Џесика Спрингстин, ќерката на познатиот Брус Спрингстин.

Со оглед на тоа што самата церемонија и прослава беа организирани во мало англиско село, сè беше блокирано и „превртено наопаку“ поради познатите гости.

Црквата беше затворена три дена порано, а тоа предизвика негодување кај локалното население, но и гнев.

Ив и Чарлс официјално ја потврдија својата врска минатата година за време на Олимписките игри во Париз, каде што Хенри освои злато, а Ив го бодреше.

„Тимско злато. Многу сум горда на тебе, љубов моја“, напиша таа во описот на објавата.

Како што беше наведено претходно, двојката е во врска од 2022 година, меѓутоа, официјалниот почеток на нивната романса не е познат, тие успеаја да ја сокријат од сите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk