logo
logo
logo

ЛАЖНА ЛЕГЕНДА... “Вечниот ерген“ никогаш не бил тоа, Џорџ Клуни ја “ретуширал“ беиографијата

Vecer | 01.12.2025

ЛАЖНА ЛЕГЕНДА... “Вечниот ерген“ никогаш не бил тоа, Џорџ Клуни ја “ретуширал“ беиографијата

Околу Џорџ Клуни со години се вртеѓе лажна легенда дека е “вечен ерген“ и дека ниту една жена дп скоро не била доволно добра за да се оѓени со неа. Потоа се појави убавата адвокатка Амал и влезе вонеговиот “ергенски“ живот. Меѓутоа...

Вистина е дека Амал Клуни (родена Аламудин) беше и останува животна сопатничка на Клуни, љубовта на неговиот живот. Сепак, многумина заборавија а неговите маркетинг агенти се потрудија да ја “ретушираат“ неговата биографија и да создаваат легенда на “вечен ерген“ за кого сонуваат жените што му даваше посебност во јавноста. Вистината е друга, дека Џорџ Клуни имал еден брак пред неговата сопруга адвокатка.

Кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите, познатиот холивудски лик беше во брак со актерката Талија Балсам. Бракот, според мислењата на многумина, беше избрзана одлука. Тие се венчаа во Лас Вегас, а се разведоа само 4 години подоцна.

„Веројатно, дефинитивно, бев некој што не требаше да се жени тогаш. Чувствувам дека не ѝ дадов фер шанса на Талија. Јас сум одговорен за неуспехот на тој брак“, подоцна призна Клуни.

По неа, Клуни беше решен никогаш повеќе да не се жени. Сепак, тој ја запозна Амал Аламудин, со која сега има син, Александар, и ќерка, Ела.

Што се однесува до Талија, таа ја продолжи својата кариера како актерка и повремено се појавува на престижни настани. Таа е во брак со актерот Џон Слатери од 1998 година.

Двојката живее во Њујорк и нивниот приватен живот не е опфатен од медиумите - токму како што сакаа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk