logo
logo
logo

На фреквенција со љубовта под ѕвездите:

Голем рок концерт на АРЕА овој петок во Антички театар - Охрид

Vecer | 29.07.2026

 Голем рок концерт на АРЕА  овој петок во Антички театар - Охрид

Една од најзначајните македонски рок-групи, АРЕА, на 31 јули (петок) ќе одржи голем солистички концерт на сцената на Античкиот театар во Охрид, во рамките на годинешното издание на S.O.S. Festival 2026. Под отворено небо и во магичниот амбиент на еден од најубавите концертни простори во земјата, Ружица, Ивица и останатите членови на бендот ќе приредат вечер исполнета со емоции, рок-енергија и безвременски хитови. Публиката ќе има можност во живо да ужива во песните што ја одбележаа нивната повеќедецениска кариера, меѓу кои се „Сите мои слики“, „Пријател“, „Одведи ме“, „Биди мој“, како и многу други нивни теми што оставија силен белег на македонската музичка сцена. Препознатливиот моќен вокал на Ружица, виртуозните гитарски делници на Ивица, цврстата ритам-секција, богатата синти подлога и придружниот вокал на Елена создаваат концертно доживување кое со години ја освојува публиката. Во комбинација со уникатната атмосфера на Античкиот театар, овој настап ветува незаборавна летна музичка вечер. Вие и Ареа на фреквенција со љубовта под ѕвездите во Антички! Концертот е во организација на Fresh Union – Film, Music and Booking Agency, како дел од проект поддржан од Министерството за култура. Влезниците веќе се пуштени во продажба и можат да се обезбедат онлајн преку Wayin, како и во „Аждерот“ во Охрид. 31 јули, 21:00 часот – Антички театар, Охрид. Бидете дел од вечерта и уживајте на иста фреквенција со АРЕА.. на фреквенцијата на љубовта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk