logo
logo
logo

Што се случува кога Бред Пит ќе изеде ЧЕТИРИ ЧИНИИ ГРАВ ЕДНОПОДРУГО? (ВИДЕО)

Vecer | 07.07.2025

Што се случува кога Бред Пит ќе изеде ЧЕТИРИ ЧИНИИ ГРАВ ЕДНОПОДРУГО? (ВИДЕО)

Бред Пит неодамна беше гостин на популарниот подкаст „New Heights“, воден од браќата и ѕвезди на НФЛ, Џејсон и Тревис Келс, во кој откри неколку многу интересни работи.

Имено, во таа пригода, Бред Пит раскажа една урнебесна приказна од едно од неговите први снимања.

Што тргна наопаку тогаш? Нема да верувате, но готвењето на гравот го паметат сите членови на тимот.

„Снимавме во некое мало кафуле“, рече Пит.

Како што рече, во кафулето имало околу 60 членови на тимот, било жешко и доста задушно.

„Мојот лик не јадел со денови, по што добива чинија со грав и сланина. И јас реков - одам до крај. И јадам цела чинија со грав. Во продолжението на снимањето, истото, и третиот и четвртиот пат, го правам истото. И потоа... Погодувате што се случи“, се насмеа Пита.

А водителите се смееја до солзи додека Пит го опишуваше продолжението на настанот.

„Бев заглавен во таа столица. Природата си го направи своето“, призна Пит.

Актерот се надеваше дека никој нема да забележи дека прднал.

„Но, потоа целата екипа ме погледна... Тоа беше најлошата смрдеа што некој некогаш ја помирисал. Сите истрчаа од кафулето“, заврши Пит.

Иако оваа сцена е незаборавна, она по што Пит е попознат е фактот дека постојано јаде нешто за време на снимањето на сцените.

„Никогаш не сум разбрал зошто сите ме препознаваат по тоа. Сите јадат, нели“, се пошегува актерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk