logo
logo
logo

СЕ ОМАЖИ НАЈМАЛАТА ЌЕРКА НА БРУС ВИЛИС И ДЕМИ МУР: Талула му кажа „да“ на Џастин Ејси

Vecer | 10.08.2026

СЕ ОМАЖИ НАЈМАЛАТА ЌЕРКА НА БРУС ВИЛИС И ДЕМИ МУР: Талула му кажа „да“ на Џастин Ејси

Најмалата ќерка на славните актери и некогашни сопружници Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, во саботата во Ајдахо му изговори судбоносното „да“ на својот партнер, музичарот Џастин Ејси, пренесе „Вог“.

Џастин ја запроси Талула на 23 декември 2024 година, кога таа на Инстаграм покрај прстенот напиша: „Секој ден“, а две години по свршувачката застанаа и на „лудиот камен“, на 8 август. Започнаа да се забавуваат една година претходно.

Церемонијата беше интимна и емотивна, а венчаницата што ја носеше Талула е посебна во секој поглед. Го носи потписот на Пјерпаоло Пичоли, креативниот директор на модната куќа „Баленсијага“, и воедно е една од првите венчаници што ги дизајнираше откако стапи на оваа позиција.

Фустанот се правеше 712 часа. Беше кроен и приспособуван 405 часа, а за самата изработка беа потребни девет часа.

Во осмислувањето на раскошниот фустан учествуваше и долгогодишниот стилист на Деми Мур, која последните месеци воодушевува со својот моден израз, а на генералната проба на венчаницата Талула ја придружуваа нејзините постари сестри Румер и Скаут.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk