logo
logo
logo

Дали Кети Пери нашла утеха кај моќниот политичар?

Vecer | 30.07.2025

Дали Кети Пери нашла утеха кај моќниот политичар?

Откако Орландо Блум предизвика интерес за новата романса, која ја започна додека беше во Венеција, дојде ред и на неговата поранешна девојка Кети Пери.

Таа „спас“ од емотивниот бродолом го најде кај поранешниот премиер на Канада, Џастин Трудо.

Според списанието TMZ, Пери и Џастин Трудо неодамна биле фотографирани на ноќно излегување, или поточно, папараците ги фотографирале во ресторанот „Ле Виолон“ во Монтреал.

Судејќи според фотографиите, пејачката и поранешниот премиер воделе сериозни разговори, а вниманието на фотографите го привлекла Кејти, која во еден момент се навалила преку масата за подобро да го чуе својот соговорник.

Извор за гореспоменатиот медиум изјавил дека уживале во излегувањата и пиењето коктели, и дека насмевките им биле присутни на лицата цело време.

Да потсетиме дека пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум официјално го потврдија крајот на нивната врска, која траеше речиси 10 години, претходно овој месец. Претставници на овој сега веќе поранешен пар накратко разговараа со медиумите:

„Поради огромниот интерес и бројните приказни околу врската на Орландо Блум и Кети Пери, можеме да потврдиме дека Орландо и Кети ја променија природата на својата врска во последните месеци и се фокусираат исклучиво на родителството“, рекоа тие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk