Централниот дел на Тексас го погодија катастрофални поплави. Според најновите известувања на локалните власти, 11 деца кои присуствувале на летен камп, како и еден наставник, сè уште се водат како исчезнати.

Последните податоци укажуваат дека бројот на жртви од поплавите се зголеми на речиси 70 лица. Најголемиот број настрадани се евидентирани во округот Кер, каде што животите ги загубија 59 луѓе – 38 возрасни и 21 дете, многумина од нив кампери долж реката Гвадалупе.
Дополнителни смртни случаи се потврдени и во окрузите Травис, Бурнет и Кендал. Надлежните напоменуваат дека потрагата по исчезнатите останува интензивна, додека спасувачките екипи неуморно работат на терен. Очекувањата се јавноста и роднините наскоро да добијат информации за најблиските.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата