„Ова дефинитивно е повеќе од вооружен конфликт, повеќе од агресија на една држава против друга, тоа е војна на погледи на светот, војна на фундаментални феномени. Токму на нашата земја денес се одвива битка на доброто и злото, светлината и темнината. Украинците го знаат ова“, рече Зеленски на Националниот молитвен појадок, годишен настан што ги собира политичарите од различни партии, бизнисмените, дипломатите и свештенството, пренесува Укринформ.
Зеленски нагласи дека зборовите на поддршка од меѓународните партнери значат дека земјата не е сама „во борбата против злото“.
Според него, целиот свет имал можност да види што е способен рускиот претседател Владимир Путин, што, како што рече Зеленски, вклучува убивање цивили, киднапирање деца, мачење затвореници, масовни гробници и палење болници и училишта.
Зеленски рече дека „битката меѓу доброто и злото“ продолжува и дека руските напади мора да бидат запрени. „Верувам дека заедно можеме да го постигнеме ова. Ќе постигнеме мир што ќе биде стабилен, траен. Сите се молиме за ова денес. И тие сигурно ќе бидат слушнати! Тие се слушаат денес на стотици различни јазици и од нашите пријатели од различни духовни заедници, од различни континенти“, нагласи Зеленски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата