logo
logo
logo

Видео:Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца

Vecer | 05.07.2025

Видео:Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца

- Она што можам да го потврдам во овој момент е дека имаме околу 24 жртви, изјави шерифот на округот Кер, Лари Леита.

Леита рече дека меѓу 23 и 25 лица од летен камп во округот Кер, северозападно од Сан Антонио, сè уште се водат како исчезнати, иако бројот сè уште не е потврден.

Обилните дождови во петокот предизвикаа поплави во државата.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека издал проглас за вонредна состојба поради поплавите, нарекувајќи ги „катастрофа“.

Заменик-гувернерот на Тексас, Ден Патрик, првично изјави дека се пронајдени шест до 10 тела, меѓу кои има и деца.

Настраданите лица престојувале во христијански летен камп за девојчиња, во кој биле сместени повеќе од 750 деца кога се случиле поплавите.

Властите соопштија дека досега се спасени 237 лица, но предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачките операции се уште се во тек. 

Во делови од Тексас нема електрична енергија и интернет, а жителите во некои места се замолени да се евакуираат на повисоки места.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk