Најмалку 12 луѓе загинаа, а 39 се повредени во украински напад со беспилотни летала врз рускиот град Нижнекамск во Татарстан. Во нападот биле погодени индустриски и цивилни цели, меѓу кои и рафинеријата ТАНЕКО, една од најголемите и технолошки најнапредните рафинерии во Русија.
Според градоначалникот на Нижнекамск, Радмир Белјаев, нападот предизвикал жртви и повредени меѓу населението. Руските медиуми јавуваат дека погодена била и рафинеријата на компанијата „Татнефт“, која и претходно беше цел на украински напад во јуни.
ТАНЕКО има значајна улога во руската нафтена индустрија – само во 2024 година преработила 17 милиони тони сурова нафта, произведувајќи милиони тони бензин и дизел гориво.
Лидерот на Татарстан, Рустам Миниханов, прогласи период на жалост по нападите, изјави градоначалникот Белјаев.
Украина ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта во последните месеци. Нападите предизвикаа недостиг на гориво во неколку делови од Русија, иако руските власти велат дека повеќето од првичните проблеми оттогаш се решени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата