logo
logo
logo

Венс, изјави дека е „тажен“ поради изборниот пораз на Орбан, но САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник

Vecer | 14.04.2026

Венс, изјави дека е „тажен“ поради изборниот пораз на Орбан, но САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е „тажен“ поради поразот на унгарскиот премиер Виктор Орбан на изборите, притоа нагласувајќи дека САД се подготвени да соработуваат со неговиот наследник, конзервативецот Петер Маѓар.

- Ме растажува што изгуби, но сигурен сум дека ќе соработуваме многу добро со следниот унгарски премиер – рече Венс во интервју за Фокс њуз.

- Многу добро знаевме дека постои голема веројатност Виктор да изгуби на овие избори – додаде тој неколку дена откако лично ја посети Будимпешта за да ја изрази поддршката на САД за Орбан.

Ватикан треба „да се држи до моралните прашања“, додаде Венс, откако папата Лав XIV изјави дека не се „плаши“ од владата на САД.

- Да, мислам дека во некои случаи би било подобро Ватикан да се држи до моралните прашања и да му препушти на американскиот претседател да ја одредува американската политика – рече Венс во интервјуто. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk