logo
logo
logo

В.Д. директорот на Имиграциската и царинска служба на САД, Тод Лајонс, ќе поднесе оставка на крајот на мај

Vecer | 17.04.2026

В.Д. директорот на Имиграциската и царинска служба на САД, Тод Лајонс, ќе поднесе оставка на крајот на мај

Министерот за внатрешна безбедност, Маркуејн Малин, информираше дека последниот работен ден на Лајонс ќе биде 31 мај, оценувајќи го како „одличен лидер“ кој придонел за зајакнување на безбедноста во американските заедници.

Лајонс, кој ја извршува функцијата од март 2025 година, беше клучна фигура во спроведувањето на имиграциската политика на претседателот Доналд Трамп, вклучително и програмите за масовни депортации.

За време на неговиот мандат Агенцијата доби значителна финансиска поддршка од Конгресот, што беше искористена за дополнителен ангажман службеници, како и зголемување на капацитетите за притвор на лица, со оглед зголемениот број приведувања согласно приоритетите на администрацијата.

„ICE“ беше во фокусот и на низа операции за спроведување на имиграциските закони во неколку американски градови, меѓу кои Чикаго и Минеаполис, што предизвикаа реакции и протести по инциденти со смртни случаи поврзани со федерални имиграциски службеници.

Заменик-шефот на Кабинетот во Белата куќа, Стивен Милер, го опиша Лајонс како „посветен раководител“, додека портпаролката Белата куќа, Абигејл Џексон, го нарече „американски патриот кој ја направи земјата побезбедна“.

Засега не е познато кој ќе го наследи на функцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk