Главната задача на украинскиот преговарачки тим за време на неодамнешните разговори во САД беше да добие сеопфатни информации за разговорите на Вашингтон со Москва и сите нацрт-предлози, напиша на Умеров на социјалните мрежи.
- Заедно со сите партнери, мораме да направиме сè што е во наша моќ достоинствено да ја завршиме оваа војна, додаде секретарот на Советот за национална одбрана и безбедност на Украина.
Разговорите се водат веќе неколку недели врз основа на мировниот план поддржан од САД за ставање крај на најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, пренесе парискиот весник „Ле Монд“.
Зеленски во саботата изјави дека имал долг телефонски разговор со американскиот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер.
Украинскиот претседател денеска во Лондон ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер, претседателот на Франција Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата