logo
logo
logo

Убиен висок функционер на украинската безбедност во Киев

Vecer | 10.07.2025

Убиен висок функционер на украинската безбедност во Киев

Во Киев, утрово беше убиен полковникот Иван Воронич, значаен претставник на Украинската служба за безбедност. Тој беше застрелан додека ја преминувал улицата, а според информациите, убиството го забележале и безбедносните камери.

Нападот се случил околу девет часот наутро, кога вооружен напаѓач облечен во црна облека се приближил кон Воронич и испукал пет истрели од огнено оружје.

Безбедносната служба потврди дека е покрената кривична постапка и дека трагедијата се случила во областа Голосеев на главниот град.

„Службата за безбедност и Националната полиција преземаат сеопфатни мерки за разјаснување на сите околности на злосторството и изведување на сторителите пред лицето на правдата“, е наведено во официјалното соопштение.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk