logo
logo
logo

Уапсена е „патничка од пеколот“ – пијана повраќала и плукала по патниците за време на летот од Лондон кон САД

Vecer | 19.08.2025

Уапсена е „патничка од пеколот“ – пијана повраќала и плукала по патниците за време на летот од Лондон кон САД

Таа вербално и физички го нападнала семејството кое седело зад неа и на крајот повраќала врз нив. Поради инцидентот, екипажот интервенирал, а по слетувањето, таа била уапсена од ФБИ, пишува „Сан“.

Драматичниот настан се случил на 11-часовниот лет BA273 од аеродромот „Хитроу“ во Лондон до Сан Диего на 12 август. Патниците ја виделе жената како пие вино од шише кое го прошверцувала во рачниот багаж. По полетувањето, таа нарачала Шардоне и Блади Мери и набрзо почнала да ги малтретира двојката и нивната ќерка кои седеле зад неа.

„Беше одвратно, одвратно“

„Таа испи колку што можеше вино, стана од седиштето и намерно го плукна виното што ѝ беше во устата пред нивните лица. Беше одвратно, одвратно“, рекол еден од патниците.

Жената, исто така, истурила вода врз нив и ја кубела за коса мајката. Кога била целосно пијана, повраќала по целото згрозено семејство. После тоа, екипажот интервенирал, а вознемиреното семејство било преместено во предниот дел од авионот.

„Беше хаос. Жената беше тотален срам. Беше очигледно дека била пијана веќе неколку минути по почетокот на летот. Откако поврати, целата кабина смрдеше“, рекол еден патник. Другите исто така биле згрозени и многумина ја нарекле „најлошата патничка од пеколот“.

Апсење по слетувањето

Жената го правдала своето однесување тврдејќи дека ѝ било роденден. Откако повратила врз семејството, екипажот ја известил пилотската кабина, по што биле дадени наредби да се престане со служење алкохол. Го поминала остатокот од летот спиејќи.

Капетанот ја информирал американската полиција за инцидентот, па авионот бил пречекан од агенти на ФБИ по слетувањето во Сан Диего. Жената била уапсена и однесена, а екипажот и патниците дале изјави за да помогнат во истрагата.

Повици за ограничувања на алкохолот во авионите и аеродромите

Овој инцидент повторно ја разгоре дебатата за служењето алкохол во авионите и аеродромите. Порано оваа година, „Рајанер“ побара ограничување од два алкохолни пијалоци на аеродромите. Авиокомпанијата ги повика европските власти да воведат нови ограничувања за да се спречи патниците да се опиваат пред да се качат на авионот.

„Бритиш ервејс“ одби да коментира за случајот за „Сан“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk