Шикорски ќе го задржи и министерското место за надворешни работи. Во исто време, актуелниот министер за финансии Анджеј Домански ќе ја предводи новата обединета структура – Министерството за финансии и економија – што ќе ги опфати сите економски ресори во центристичката и проевропски ориентирана Влада, најави Туск.
Реконструкцијата следи по поразот на либералниот сојузник на Туск, градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски, на претседателските избори во јуни, кога победи кандидатот на конзервативците Карол Навроцки. Тоа предизвика зголемени тензии во владејачката „Граѓанска коалиција“ и отвори сомнежи за иднината на владата, со оглед на претседателското вето како инструмент за блокирање на законите.
Анкетите покажуваат дека поддршката за Владата на Туск опаѓа од средината на минатата година. Последното истражување покажува дека опозицијата има поддршка од 48 отсто, додека Владата ужива стабилни 32 отсто.
Во рамките на преструктурирањето, Милош Мотика од коалицискиот партнер – Полска народна партија – ќе раководи со новоформираното Министерство за енергетика. Министерството за правда, кое има задача да ги зајакне стандардите на владеење на правото ќе го предводи судијата Валдемар Журек.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата