Во изјавата дадена во претседателскиот авион на враќање кон Вашингтпн по престојот во Флорида, Трамп уште рече дека изградбата напредува побрзо од предвиденото покажувајќи им на новинарите кои го придружувале на патувањето планови од градбата.
Според неговите зборови, на балската сала ќе бидат поставени непробојни стакла и покрив отпорен на напади на дронови, а под неа се гради обемен воен објект. Тој додаде дека информациите за проектот излегле на виделина неодамна по, како што рече, „неубава тужба“ поврзана со изградбата.
Проектот предвидува изградба на сала со капацитет за околу илјада гости, на местото на крило од претседателската резиденција што беше урнато минатата година. Објектот е наменет за приеми и официјални вечери во чест на странски делегации.
Трошоците за изградбата, финансирана од приватни донации, се зголемени од првично проценетите 200 на околу 400 милиони долари.
Трамп претходно изјави дека во проектот се користат луксузни материјали, вклучително и оникс и други висококвалитетни камења.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата