logo
logo
logo

Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина

Vecer | 14.07.2025

Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина

-Рускиот претседател Владимир Путин зборува убави работи, а потоа навечер бомбардира сè, рече Трамп, пренесуваат британските медиуми.

Тој не прецизираше колку ракети ќе бидат испратени во Украина, но истакна дека Европската Унија ќе ги надомести трошоците за ракетите.

-Ќе ги испратиме „патриотите“ што им се очајно потребни, бидејќи Путин изненади многу луѓе. Тој зборува убави работи, а потоа бомбардира. Постои еден мал проблем, а тоа е што не ми се допаѓаат такви работи. Во основа, ние испраќаме разни парчиња софистицирана воена опрема во Украина. Тие ќе ја платат целата цена за тоа, бидејќи така ни одговара, рече Трамп.

Зборувајќи за потенцијален договор за прекин на огнот во Појасот Газа, Трамп изрази надеж дека тоа ќе се случи оваа недела.

-Преговорите се во тек и се надевам дека ќе можеме да постигнеме договор до крајот на неделата, рече Трамп.

Американскиот претседател истакна дека разговарал со заменик-директорот на американското ФБИ, Ден Бонгино, за да го намали незадоволството на јавноста од тоа како Министерството за правда на САД го заврши случајот со обвинувањата против Џефри Епштајн и неговиот наводен список на клиенти.

На прашањето на новинарите дали Бонгино ќе остане на таа позиција, Трамп одговори позитивно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk