logo
logo
logo

Трамп: Разговарав со лидерите на Камбоџа и наТајланд, двете земји сакаат прекин на огнот

Vecer | 26.07.2025

Трамп: Разговарав со лидерите на Камбоџа и наТајланд, двете земји сакаат прекин на огнот

Во објави на социјални мрежи за време на посетата на Шкотска, Трамп рече дека сака „крај на војната што моментално беснее“ и предупреди дека нема да склучува трговски договори со ниту една влада од Југоисточна Азија доколку продолжат борбите.

Трамп напиша дека разговарал со камбоџанскиот премиер за прекин на војната со Тајланд. „Се обидувам да поедноставам комплицирана ситуација“.

Подоцна, тој објави дека разговарал со вршителот на должноста премиер на Тајланд и дека тоа бил многу добар разговор.

„Тајланд, како и Камбоџа, сака итен прекин на огнот и мир“, нагласи Трамп, додавајќи дека ќе му ја пренесе пораката на камбоџанскиот премиер.

Тој рече дека по разговорите со двете страни, се чини дека прекинот на огнот, мирот и просперитетот се природна работа.

Судирите на тајландско-камбоџанската граница продолжија трет ден по ред, а денеска се појавија нови жаришта, при што двете страни тврдат дека дејствувале во самоодбрана во граничниот спор и меѓусебно се повикуваат да престанат со борбите и да започнат преговори. Повеќе од 30 лица се убиени, а над 130.000 луѓе се раселени во најжестоките борби меѓу југоисточните соседи во последните 13 години. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk