logo
logo
logo

Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, по одлуката на Врховниот суд

Vecer | 21.02.2026

Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти, по одлуката на Врховниот суд

- Голема чест ми е да потпишам во Овалната соба глобална тарифа од 10 проценти за сите земји, која стапува во сила речиси веднаш, напиша Трамп на Truth Social.

Неколку часа претходно, Трамп ja најави за мерката, велејќи дека новите тарифи од 10 проценти ќе бидат „дополнителни на нормалните тарифи што САД веќе ги наплаќаат“.

Трамп нагласи дека тарифите ќе бидат воведени согласно Член 122 од Законот за трговија од 1974 година, кој му дава на претседателот овластување да воведува привремени трговски тарифи за решавање на проблемите со платниот биланс.

Трамп го објави потегот откако Врховниот суд на САД претходно ги поништи сеопфатните царински тарифи што тој ги воведе минатиот април.

Пакетот, кој опфаќаше десетици земји, се повикуваше на Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби од 1977 година. Врховниот суд на САД пресуди дека иако законот му дозволува на претседателот да ја регулира надворешната трговија за време на национална вонредна состојба, тој не му дозволува да воведува царини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk