logo
logo
logo

Трагедија на прослава на Светското првенство- возач прегази две жени и избега (Вознемирувачко видео)

Vecer | 25.06.2026

Трагедија на прослава на Светското првенство- возач прегази две жени и избега (Вознемирувачко видео)

Имено, две жени починаа откако заедно гледале натпревар кога возач ги прегазил на улица.

Уличните камери за надзор го снимиле осомничениот, идентификуван како 26-годишниот Дејвид Џ. Запата-Вера, како брзо поминува низ раскрсница, удирајќи две жени и фрлајќи ги во воздух. Очевидец на инцидентот тврдел дека Запата-Вера притиснал на гаста кога семафорот се вклучил зелено, прелетал низ раскрсницата и ги прегазил двете жени, објави Њујорк Пост.

Итните служби брзо реагирале, а двете жени биле префрлени во блиската болница, но таму можеле само да бидат прогласени за мртви. Осомничениот сè уште се бара, а оваа вест го потресе целиот град, кој е домаќин и на натпревари од Светското првенство.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Rostros Ecuador (@rostrosec)

Њу Џерси ќе биде домаќин и на финалето на Светското првенство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk