Во пакистанскиот град Карачи се урна станбена зграда, при што загинаа најмалку 16 луѓе, а над 20 лица се повредени.
Во оваа зграда живееле околу 100 жители. Тимови за спасување продолжуваат да трагат по преживеани под урнатините, надевајќи се дека бројот на жртвите нема да се зголеми.
Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб Сидики, информира дека меѓу загинатите има девет мажи, шест жени и едно дете.
Поради големото уништување, се стравува дека оваа црна бројка може да расте додека трае потрагата под урнатините.
Снимки од местото на несреќата прикажуваат остатоци од зградата, која уште претходно од страна на властите била прогласена за небезбедна.
Оваа трагедија повторно ги актуелизира прашањата околу урбаното планирање и безбедноста на објектите во Карачи, град каде што се смета дека повеќе од 300 згради се во опасност да се урнат.
Недоволната контрола, нелегалната градба и старите инфраструктурни системи се меѓу главните причини за повторувањето на ваквите трагедии во градот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата