Во пакистанската покраина Хајбер Пахтунхва, во областа Северен Вазиристан, се случи тежок самоубиствен напад врз воен конвој, кога возило наполнено со експлозив се заби во конвојот. Во нападот животите ги загубија најмалку 16 војници, а десетмина се ранети, заедно со 19 цивили, информираа локалните власти.
Експлозијата беше толку силна што резултираше со уривање на две соседни куќи, при што беа повредени шест деца, извести еден полицаец од регионот.
Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но регионот е познат по честите милитантски активности на групата Техрик-и-Талибан Пакистан (ТТП).
Ова е еден од најсмртоносните инциденти насочени кон безбедносните сили во последните месеци во провинцијата. Пакистанската армија сè уште нема излезено со официјално соопштение во врска со нападот.
По серијата напади врз војската во Вазиристан, Хајбер и Курам, властите значително ги интензивираа разузнавачките операции во регионот. Во претходен инцидент од март годинава, безбедносните сили известија дека ликвидирале 10 милитанти поврзани со ТТП, откако друг самоубиствен напад го погоди кампот на Граничниот корпус во близина на контролниот пункт Џандола во Јужен Вазиристан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата