Британската компанија за поморска безбедност Ambrey соопшти дека нема штета на трговските бродови, пренесе Би-Би-Си.
Покрај нападите врз пристаништето, Оманската новинска агенција соопшти дека „повеќе беспилотни летала“ биле пресретнати и соборени. Таа ги опиши нападите како „злонамерни“, но додаде дека не се пријавени жртви.
Агенцијата информира и дека султанот од Оман разговарал по телефон со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за да ја потврди „позицијата на неутралност“ на Оман и изразил „недвосмислена осуда“ за таргетирањето на неговите територии.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата