logo
logo
logo

Стармер: Владата мора да побрза со зголемување на трошењето за одбрана

Vecer | 16.02.2026

Стармер: Владата мора да побрза со зголемување на трошењето за одбрана

 Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека владата мора да „побрза“ со трошоците за одбрана, коментирајќи ги медиумски извештаи дека кабинетот размислува да го помести рокот за зголемување на трошоците за одбрана на три отсто од БДП, објавија британските медиуми.

„Треба да го забрзаме темпото. Треба да побрзаме (со трошоците за одбрана). Очигледно презедовме обврски, но не е само колку трошите“, рече британскиот премиер.

Претходно, Би-Би-Си објави дека британската Влада размислува дали да го зголеми делот од бруто домашниот производ наменет за развој на одбраната пред предвиденото, една година по зголемувањето на планираниот буџет за вооружените сили.

Во февруари 2025 година, Велика Британија објави дека ќе ги зголеми своите годишни трошоци за одбрана на 2,5 отсто од БДП до 2027 година, оставајќи ја целта за достигнување на три отсто од БДП на следниот парламент, што  ќе биде избран во 2029 година.

Според Би-Би-Си, советниците на Стармер сега разгледуваат предлози за исполнување на целта од три отсто од БДП до 2029 година. Британскиот јавен радиодифузер додаде дека сè уште не е донесена одлука, но владата призна дека тековниот буџет за оваа ставка нема да може да ги покрие зголемените трошоци за одбрана.

Стармер на Минхенската безбедносна конференција во саботата изјави дека Европа се обединила во поддршката на Украина со оружје и муниција.

„Јасно е дека ќе мора да трошиме повеќе, побрзо“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk