logo
logo
logo

Стабилизирана ситуацијата со трите пожари во Грција

Vecer | 10.07.2025

Стабилизирана ситуацијата со трите пожари во Грција

Состојбата со трите пожари што вчера се појавија на различни локации во Грција е значително подобрена. Пожарот во близина на Атина е речиси целосно изгаснат, додека други два пожари беа локализирани на островот Тасос и во пределот кај Дојранското Езеро, кој на кратко премина и на грчка територија.

На територијата кај Дојранското Езеро и денес продолжува акцијата за гаснење на огнот. На терен се ангажирани и копнени и воздушни сили на грчките пожарникари, а ситуацијата се смета за подобрена во однос на претходниот ден.

Пожарот што избувна во северниот дел на островот Тасос, во близина на населбата Главкади, бил под контрола утрово благодарение на интервенцијата на 62 пожарникари, две пешадиски екипи, 20 возила, шест авиони и два хеликоптери. Огнот, кој се рашири на тежок и нерамен терен, им отежна работите на спасувачките тимови. Пожарот бил активен на два дела: во областа Гликади на најсеверниот дел од островот и во насока на крајбрежјето Пахис и селото Рахони.

Поради пожарот, дел од населението на островот Тасос остана без напојување со електрична енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk