logo
logo
logo

Скандал во Британија: Затворски чуварки се вљубиле во ист затвореник, додека не добиле казна

Vecer | 28.03.2024

Скандал во Британија: Затворски чуварки се вљубиле во ист затвореник, додека не добиле казна

Првата е осудена на две години и осум месеци затвор, додека втората добила условна казна од 12 месеци, пренесува The Sun.

На судот му беше кажано дека Бејтс започнала романса со осуденик во декември 2019 година, додека работела како затворски службеник. Во тој период таа му праќала експлицитни фотографии и СМС пораки на неговиот телефон.

Една година подоцна, Вилкс започнала врска со истиот човек, кој бил осуден за прекршок за дрога.

Паралелната романса траела два месеци, а полицијата во ќелијата на осуденикот пронашла мобилен телефон кој ја разоткрил „љубовната шема“.

Во една од пораките, Бејтс вели: „Те сакам 24/7. Не можам да се наситам од тебе. Би ти се јавила во секој момент“.

Покрај фотографиите, Бејтс разменила и видео клипови со осуденикот, а подоцна негирала дека имало физички контакт.

Таа во полиција тврдела дека била изманипулирана и дека „се заљубила“.

Од друга страна, Вилкес признала дека учествувала во „недолично дружење“, но дека не била изманипулирана.

Судијата Елиот Ноф смета дека во случајот со Бејтс имало „сериозно нарушување на довербата“.

„Да, ти беше фатена во неговата стапица, тој те идентификуваше како некој на кого треба да му пријде. Но, не мораше да го прифатиш тоа“, истакнал судијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk