Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени според Рихтеровата скала денес го погоди граничниот регион меѓу Перу и Еквадор, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран во 1:35 часот по локално време, на длабочина од 35 километри.
Земјотресот е регистриран 86 километри југозападно од Лоха, Еквадор и 12 километри северозападно од Ајабака, Перу.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата