logo
logo
logo

Си Џинпинг: Кина е задоволна што Русија и САД одржуваат контакти и ги подобруваат односите

Vecer | 08.08.2025

Си Џинпинг: Кина е задоволна што Русија и САД одржуваат контакти и ги подобруваат односите

„Кина е задоволна што гледа дека Русија и САД одржуваат контакти, ги подобруваат меѓусебните односи и го поттикнуваат политичкото решавање на украинската криза“, ги цитира неговите зборови Кинеската централна телевизија.

Според телевизијата, Си Џинпинг го претставил принципиелниот став на кинеската страна и нагласил дека сложените проблеми немаат лесни решенија.

„Независно од промените во ситуацијата, Кина ќе задржи конзистентна позиција и постојано ќе промовира помирување и преговори“, рекол Си Џинпинг.

За време на разговорот, двајцата претседатели дадоа висока оценка за нивото на стратешка интеракција меѓу Пекинг и Москва. Разговорот се одржа на иницијатива на Путин, додаде телевизијата.

За помалку од два месеци ова е втор разговор меѓу Си и Путин. Пекинг и Москва дополнително ја зајакнуваат својата економска и трговска соработка, како и соработката во областа на безбедноста, по целосната инвазија на Русија врз Украина во февруари 2022 година, што предизвика нагло влошување на односите на Москва со Западот, пренесуваат агенциите.

Се очекува, Путин да ја посети Кина во септември за настаните по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk