logo
logo
logo

Шпанија ги истражува „X“, „Meta“ и „TikTok“: „Државата не може да го дозволи ова“

Vecer | 17.02.2026

Шпанија ги истражува „X“, „Meta“ и „TikTok“: „Државата не може да го дозволи ова“

„Овие платформи го нарушуваат менталното здравје, достоинството и правата на нашите деца“, напиша тој на својот „X“ профил. „Државата не може да го дозволи ова. Неказнувањето на овие гиганти мора да заврши.“

Мерки за заштита на децата на интернет

Порано овој месец, Санчез објави неколку мерки насочени кон борба против онлајн злоупотребата и заштитата на децата, вклучително и забрана за лица под 16 години за пристап на социјалните медиуми и преземање правни мерки против раководителите на социјалните медиуми.

Сопственикот на „X“,милијардерот Елон Маск, одговори нарекувајќи го „тиранин и предавник на шпанскиот народ“.

Шпанијата одлучи да истражи и да го ограничи користењето на мрежите откако Австралија стана првата во светот што ги забрани социјалните мрежи за лица под 16 години во декември.

Истраги низ цела Европа

Европската комисија, извршното тело на Европската Унија, отвори истрага за „Meta“, „TikTok“ и вештачката интелигенција „Grok“.

Ирска отвори сопствена истрага за „Grok“ за користење лични податоци што би можеле да се користат за креирање сексуална содржина, вклучително и содржина на деца.

Франција го истражува „Х“ за генерирање сексуални „дипфејкс“, форма на вештачка интелигенција што создава убедливи, но лажни видеа, слики или аудио снимки.

Минатата недела, Португалија започна со воведување ограничувања за користење на социјалните мрежи за лица под 16 години.

Шпанската министерка за млади и деца, Сира Рего, во вторник преку социјалната мрежа „Bluesky“, нагласи дека левичарската влада на Шпанија презема уште еден чекор во обезбедувањето на правата на децата на социјалните мрежи.

Таа потсети дека во јануари побарале од Државното обвинителство да истражи дали „Х“ извршил кривични дела поврзани со детска порнографија и истакна дека „денес на владина седница го активираа Член 8 од Статутот на Државното обвинителство за истрага на големи платформи“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk