logo
logo
logo

Се шири конфликтот на Блискиот Исток, Израел почна копнена офанзива во Либан, бројот на жртви во Иран достигна 800

Vecer | 03.03.2026

Се шири конфликтот на Блискиот Исток, Израел почна копнена офанзива во Либан, бројот на жртви во Иран достигна 800

И по четири дена воени дејствија и разорувања, смирувањето на огнот на блискиот исток сеуште не е на повидок. По размената на оган во изминатите три дена, Израел започна и копненa офанзива против Хезболах во Јужен Либан. Со беспилотни летала Иран ја погоди амбасадата на САД во Саудиска Арабија, но жртви нема бидејќи амбасадата била празна. Набрзо по нападот, американски авиони го погодија кабинетот на претседателот во Техеран, а подоцна ја срамниле со земја и резиденцијата на ајатолахот Хамнеи, додека во моменто се избирал негов наследник. Претседателот Трамп попладнево порача дека времето истекува и дека веќе е предоцна за преговори со Иран, а претходно шефот на дипломатијата Марко Рубио, оцени зошто оваа операција морала да се случи.

„Оваа операција мораше да се случи, бидејќи Иран за година или година и половина би ја поминал рамката на имунитетот. Значи би имале многу ракети со краток отстрел, многу дронови за кои никој не би можел ништо да направи бидејќи би можеле да го држат целиот свет во заложништво.“

„Нема да кажам детали за нашите тактички напори, но најсилните удари од американската војска допрва доаѓаат. Во следната фаза ќе има уште поголема казна за Иран отколку што е сега. Некој од вас викаше „Колку ќе трае?“. Не знам колку ќе трае, имаме цели. Ќе го правиме ова толку долго колку што е потребно за да ги достигнеме тие цели.“

„Ако сега не беше преземена акција, немаше да може да биде преземена и во иднина и ќе можеше (Иран) да цели кон Америка, ќе можеше да ја уценува, ќе ни се закануаше на нас (Израел) и на сите останати. “

Последните информации на црвената полумесечина е дека бројот на жртви изнесува речиси 800. Денеска во Иран се одржа и погребната церемонија за повеќе од 180 луѓе, меѓу кои и 168 ученички кои загинаа на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран. Министерот за надворешни работи, Абас Аракчи ги обвини САД и Израел за убиените ученички, од кои најмладите биле седум години. Вели си ги бранат своите луѓе на секој можен начин и ги обвини САД и Израел за започнување непотребна војна.

„Ние се браниме нас и нашите луѓе на секој можен начин. Наместо се врши притисок на Исламската Република за нападот на американските бази во нашата земја, би требало да се врши притисок на Америка за оваа започната нефер, илегална војна без било каква причина.“

Американските власти ги повикаа своите државјани да ги напуштат сите земји на Блискиот Исток.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk