Најмалку 13 лица загинаа, а сететици други беа повредени во силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени спроед Рихтерова скала што ја погоди Јапонија. Земојтресот предизвика голема материјална штета, а граѓаните опшуваат моменти на страв и хаос додега зградите се треселем а предметите паѓале од полиците, пренесува BBC.
Меѓу оние кои ја почувствувале разорната сила на потресот била и 75-годишната Хироко Огата, косопственичка на ресторанот „Сендан Шокудо“ во градот Јацуширо. Во моментот кога земјотресот го затресол објектот, таа влегувала во ресторанот, каде што садовите се кршеле, а предметите паѓале на подот.
„Бев изненадена и преплашена. Веднаш се сокрив под една од масите, но таа силно се нишаше лево-десно“, раскажала Огата.
Огата целиот свој живот го поминала во Јацууширо, област која се наоѓа покрај активни тектонски раседи и која често е погодена од земјотреси. Во двата земјотреси во 2016 година загинале 277 луѓе. Сепак, Огата вели дека никогаш претходно не почувствувала толку силен потрес.
„Земјотресот пред десет години воопшто не беше како овој“, изјавила таа. „Мислев дека ќе умрам.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата