logo
logo
logo

САД: Сојузните држави нема да добијат финансирање за справување со катастрофи ако ги бојкотираат израелските фирми

Vecer | 04.08.2025

САД: Сојузните држави нема да добијат финансирање за справување со катастрофи ако ги бојкотираат израелските фирми

Според соопштението на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA), државите мора да потврдат дека нема да ги прекинат трговските односи со израелските компании за да добијат средства од FEMA.

Условот се однесува на најмалку 1,9 милијарди долари на кои федералните држави се потпираат за покривање на трошоци како што се опрема за пребарување и спасување, плати на менаџерите за вонредни состојби и резервни системи за напојување, меѓу другите трошоци, јавија американски медиуми кои имале увид во документите. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk