logo
logo
logo

САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма

Vecer | 04.08.2025

САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма

Мерката има за цел да ги ограничи пречекорувањата на престојот од страна на странски посетители во државата.

Програмата ќе им овозможи на американските конзуларни службеници да бараат гаранции од посетителите од земјите со високи стапки на пречекорувања на престојот во САД. Гаранции може да се бараат и од луѓе од земји каде што информациите за скрининг и верификација се сметаат за недоволни, додадоа властите.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги направи мерките против нелегалната имиграција централна тема на својот втор мандат. Републиканскиот претседател во јуни им забрани на граѓаните на 12 земји да влегуваат во земјата од причини поврзани со националната безбедност.

Новата визна програма, која стапува на сила на 20 август, ќе биде во период од околу една година, се вели во соопштение на владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk