Е-3, два ловци Ф-16 и танкер KC-135, кој е дизајниран да ги наполнува авионите со гориво во воздух, беа испратени вчера за да пресретнат руски авион Иљушин-Ил-20 кој леташе во Зоната за идентификација на воздушната одбрана (ADIZ) во Алјаска, објави денеска Newsweek.
„Руските воени авиони останаа во меѓународниот воздушен простор и не влегоа во суверениот воздушен простор на САД или Канада. Оваа руска активност во Алјаска (воздушниот простор) е рутинска и не се смета за закана“, соопшти NORAD.
Во соопштението се додава дека NORAD е подготвен да употреби низа опции за одбрана на Северна Америка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата